Ниче Димовски Македон

ЗА АВТОРОТ
Секој велат се раѓа со своја ѕвезда, па така на 9 октомври 1964 година, на македонското небо засвети една нова ѕвезда. Ѕвездата водилка, на Ниче Димовски! Никој не можеше да знае, дури ни таа млада душа, дека „првото“ вдаховение беше почеток за една невообичаена животна приказна, која Бог ја пишуваше преку авторот Ниче. И така, уште од најрана возраст сознанијата тој ги добива преку неговиот авантуристички и немирен дух, кои преку многубројните животни препреки и предизвици, најчесто искусени преку болката и болеста ги осознава вистинските вредности на животот. Тој денес е дипломиран економист, успешен бизнисмен, реализиран семеен човек и татко на три деца. Малкумина знаат дека неговиот денешен статус и профил на се страна личност, всушност е резултат на огромното животно искуство, кое тој го стекнува благодарение на работењето во многу професии, посетувајќи и живеејќи во повеќе од педесетина земји во светот.Уште како дете, а потоа и тинејџер, тој со својата „дружина“ работи нешта, како: продавање на црви, собирање на полжави, берење и продажба на сезонско цвеќе (мимози од Црна Гора), растовар – утовар, собирање на старо железо и што уште не. После отслужување на воениот рок, заминува во Калифор ни ја (САД), каде работи во една градежна компанија. Работата во САД го искалува и внесува во финесите на стилот и мента ли тетот на тој систем, што е од непроценливо искуство за него. Стекнато то искуство и младешкиот жар, по враќањето од Калифорнија го иницираат да отвори боди-билдинг клуб од неговите соништа. Непосредно потоа, започнува да работи со трговија на мало, а подоцна и на големо. Имено, поради стекнатиот сенс за бизнис и познавањето на пазарот, станува застапник на увозот на прехрамбени артикли на неколку фабрики од Франција. Сето ова го доведува до себеизградување и навлегување во сферата на трагање по знаења и заработка, со што станува вешта и изградена личност, која исклучиво преку трнливиот пат стекнува стабилен бизнис и солидно материјално богатство. Сплетот на околности, искушенијата, читањето на многу книги, патувањата, истражувањата, како и најголемото негово искушение во 1997 година (клиничката смрт), го дооформуваат до денешниот статус на успешен сопственик и управител на сопствената фирма, МАКЕДОН БЕТОН. Имено, уште многу порано „волшебникот“, како што тој милува да каже, му ги исполнува вистински посаканите желби, со што ја открива безграничната енергија на љубовта и моќта на мислата. Потпомогнат од својот духовен учител неговата тетка Милка, тој е поттикнат да истражува, и да бара одговор на многу неодговорени прашања, што ѝ се случува на неговите 33 години. Имено по клиничката смрт во 1997-ма година тој доживува длабока духовна трансформација, која дава нов правец во неговиот живот. Од тој миг започнува 14-ет годишното беспрекорно истражување во науките како и таинствениот молк, кој тој го објавува во својата книга „Најголемата Вистинска Тајна на Светот.“ Притоа тој ја користи сета вонвременската мудрост од минатото, за да го докаже потенцијалот во секој од нас за креирање на иднината. Чекор по чекор откривајќи ги тајните тој допира до „Вистина та за Вечноста“ (2012) каде што за првпат соопштува не шта што дотогаш не се никогаш објавени во светската литера тура:

– објавува дека душата постои;

– авторот влегува во паралелниот свет каде го гледа својот погреб;

– креира нова техника (нанониче метод) со која за 7 дена ви го менува на подобро вашиот живот.

Оттука неговите дела носат уникатност и неповторливост, по крајната замисла на авторот, хуманист и филантроп Ниче. „Најголемата Вистинска Тајна на Светот“ (2009) е азбуката на една нова Македонска Библија, „Вистината за Вечноста“ (2012) е портата кон вашите души, а „Нанониче Методот на Законот на Вистината“ (2012) е алатка како да се доближите до Креаторот, за да во ова дело „БОГ Е ЖИВ“, Ниче отвори еден портал кон небото на секоја чиста душа и божја креација. Ниче Димовски врз себе презема огромна одговорност за кажаното и во ова свое петто дело тој „гази по жилет“ покажувајќи го патот по кој одат душите, за да ги уживаат убавините дадени на земјата. Неговиот волшебник неуморно го следи и му го осветлува патот во неговата „Мисија“ и патот кон креирање на една прекрасна иднина, преку бројни проекти и креативни јадра. Тој преку својата кодирана реч – мисла преточени во дела, укажува на тоа, дека сите оние кои се подготвени ќе се доближат до мислите на Бога и ќе ја живеат Вистината. Авторот покажува, а вие сте сведоци, дека ако се разбудите и го напуштите стравот, ќе го пронајдете мирот во себе и преку љубовта ќе вибрирате во фреквенција на Создателот.Авторот ве учи дека и „скршените крилја“можат повторно да летнат и да се вивнат во димензијата на Бесконечноста, Вечната Вистина, Спокојот, Милоста и Бескрајната Љубов. Тој е бескрајно благодарен на Креаторот што му даде живот да сведочи за НЕГОВАТА големина и можноста да ве подучи дека:

НЕ ПОСТОЈАТ НЕОДГОВОРЕНИ ПРАШАЊА,

НЕ ПОСТОЈАТ НЕРЕШЛИВИ ПРОБЛЕМИ,

НЕ ПОСТОЈАТ НЕОСТВАРЛИВИ ЖЕЛБИ…

ДЕНЕС ОСЛОБОДЕТЕ ЈА СВОЈАТА ДУША!

ДЕНЕС НАУЧЕТЕ КАКО ДА ЈА КОРИСТИТЕ

НАЈМОЌНАТА ЕНЕРГИЈА ВО ВЕСЕЛЕНАТА !

ДЕНЕС РАЗБУДЕТЕ ГО КРЕАТОРОТ ВО СЕБЕ!

„ТОЈ“, ТОА ГО САКА …