Прекрасен одмор со книга што носи нов посреќен живот

11352509_10204405755245856_2007506707_nСте посакале ли да најдете решение за сите проблеми? Да ги одговорите сите ваши неодговорени прашања кој постојано ви надоаѓаат во мислите , а во исто време и да си ги остварите желбите кои потајно ги чувате во себе. Сето ова можете да го постигнете само ако одвоите седум дена од вашиот одмор во кој ќе читате по 20-на страници од книгата која во себе ја содржи техниката за креирање позитивна енергија и квалитетен живот за само седум дена со наслов „Нанониче метод на законот на вистината“. Книгата е од македонскиот автор Ниче Димовски и навистина го заслужува вашето внимание затоа што откако ќе ја прочитате реално почнуваат да ви се случуваат чуда во животот на сите полиња без ограничувања.

Јас ја прочитав минатото лето и досега успеав да применам многу работи во моето секојдневие, токму затоа и го пишувам овој текст за да иницирам што е можно повеќе Македонци да го доживеат она јас што имав можност да го доживеам.

Животот ми се олесни во секој поглед, среќна сум задоволна деновите ги посветувам само на оние личности кои најмногу ми значат, на оние моменти од животот кој ми биле најубави, научив дека нема потреба да се трујам со лоши мигови кога сум пресреќна на новиот начин. Сфатив дека имам прекрасно семејство, прекрасно момче, работа која ја сакам, дом во кој среќно живеам, успеав дури и да дипломирам со една од формулите во книгава, а и да прошетам низ неколку држави иако немав премногу средства за тоа. Научив дека ако посакуваш со многу ЉУБОВ и огнена желба секогаш ќе се појават личности, случувања, моменти за да го добиеш она што си решил да го имаш.

11749744_10204402193516815_1780404714_nСите ние сме различни, но сепак копнееме по исти работи сакаме само да бидеме среќни, безгрижни, постојано насмеани, полни со љубов, радост, здравје и енергија. Всушност суштината на книгата е во тоа што не учи токму на погоре споменатите работи, а и на тоа дека секој се раѓа како победник и треба да се бори за тоа што го сака од животот. Кога ја прочитав ги разбрав грешките кои ги правев во мојот живот. Сфатив дека повеќе време сум посветувала на оние лоши работи кои ми се случиле во минатото, постојано си ги преживував најлошите денови од мојот живот, живеев во минатото, наместо да живеам во сегашноста и да се радувам на секој нов ден во кој се будам. Со секоја реченица која што ја читав се будев и за прв пат почнав да се радувам на секое утро, го засакав животот, почнав да ценам и да бидам благодарна за сето она што го имам, дури и за најмалите работи,а потоа тие носеа нови се поголеми. Дознав дека простувањето е најубавото нешто што може да му се случи на човекот, техниките кои се напишани во книгата ги применив и се ослободив од сите личности кои нешто ми згрешиле во животот, замислете сите нив порано сум ги носела на грбот цело време пред да дојдам во допир со книгава. Прочитав и осознав дека душата се чисти само со простување, со ослободување и посакување на сите убавини од овој живот на оној кој ви згрешил, всушност секое лошо е за добро за една нова поука и продолжување посилен во животот. Применив техника со која го елиминирав отпадот од минатото и сега ми е пријатно во сопственото тело.

Во книгата најчесто споменуваниот збор, е зборот ЉУБОВ, а од тој збор започнува се, кога со љубов посакуваме нешто тоа доаѓа кон нас со истата брзина со која ние со љубов му се обраќаме на нештото. Но внимавајте истото се случува и со стравот,како што со љубов ги повикуваме работите кон нас така исто и со стравот ги повикуваме лошите работи во нашиот живот. Затоа една од најголемите лекции е да се научи да се контролира стравот и во секој исплашен момент кога ќе надојдат слики од се она што би можелео да ви се случи игнорирајте ги и заменете ги со позитивни слики со многу љубов.

Книгата е напишана по 30 годишно истражување на авторот и во неа има многу податоци за тоа како да се 11749610_10204402195196857_1872564848_nгрижите за вашето тело, како да се храните, вежбате, дишете, и како секогаш да бидете здрави. Доколку имате некој во семејството кој е болен од било каква болест, подарете му ја книгава, верувам дека премногу ќе му помогне, затоа што веќе имам повеќе случаи во кои луѓе кои ја прочитале книгава успеале целосно да се излечат и да продолжат со животот – само овој пат многу посреќни и позадоволни.

Прочитајте ја и дозволете во вас да навлезе нејзината јасност, а потоа сигурна сум дека ќе ги побарате и сите други книги од Ниче, кои се највредното нешто што можете да го допрете и кое со сигурност ќе ви донесе позитивни резултати. Научете како да бидете она што навистина сте, без границите и препреките кои ве кочат, всушност ако прочитате ќе научите како и нив да ги поминете, затоа што пред секоја поголема позитивна промена мора да помине и некој таков момент само треба да се издржи, а потоа ќе се сладите на она што било создадено во вашите мисли, на сето она што вие сте посакале да го имате.

Подарив книги на луѓе кои беа во депресија и на сите им се случија чуда и ослободување од душевната болка, се подигнаа на нова висока вибрација. Сите луѓе копнеат по исцелување на болката кога се губи некој близок. Болката ќе трае но страдањето ќе се намали доколку се знае што се случува по смртта. Помогнав на повеќе луѓе кои имаа големи страдања подарувајќи им ја Вистината за Вечноста.11758912_10204402180076479_783501748_n

Leave a reply

required

required

optional