Љиљана Багеска

На 19-ти Октомври 2009 година ја купив книгата „Најголемата вистинска тајна на светот“ од Ниче Димовски и си напишав посвета:
„Ја подарувам оваа книга на мене, на сопругот Љупчо и на синот Дарко, за наше добро и за добро на сите околу нас!“
Книгата е до мене и со мене веќе полни три години. Прво, ги добив одговорите за тоа зошто досегашните случувања во мојот живот, се токму такви какви што се. Бев среќна што тоа го разбрав. Открив дека БОГ е со нас, само исклучиво тогаш, кога ние безусловно, постојано и безрезервно веруваме во она што го сакаме, кога желбата е силна, целта и сликата за тоа кон кое стремиме е чиста и јасна, а чувствата отворени и изјадрени со Верба, Надеж, Љубов, Радост и Добрина.
Полека и внимателно работејќи со странките, освен правните иструменти кои ги употребувам, јас применувам многу техники за разрешување на емоционалните проблеми, стравовите и слично, на некои од странките им ја подарувам книгата, на други им ја препорачувам да си ја купат. Ова функционира одлично, а јас сум најсреќна кога странките ќе ми се јават да ми кажат, дека ја купиле книгата и дека со неа подобро се чувствуваат.
Мојот живот на сите нивоа стана поквалитетен, од кога се дружам со книгата. Ги отворам очите полни со радост и убави очекувања и се обидувам сопствената насмевка и убавиот збор да ги дарувам постојано, секојдневно и безуловно.
А знаете ли што е тоа многу доблесно и преубаво во вашата книга, г-не Ниче?
Дека вие повеќе се грижите за нас и нашите животи од нас самите!

Ви Благодарам!

Leave a reply

required

required

optional