Бог е жив

мнкјијо

Во својата трета (петта) и најнова книга „БОГ Е ЖИВ“ („Исповед на Чистата душа“), авторот Ниче Димовски – Македон го затвора кружниот пат на својата книжевна трилогија, започната со „Најголемата Вистинска Тајна на Светот“ (2009-та година), печатена 2012-та година на англиски јазик во САД, под наслов „The Greatest Secret Within“, „Вистината за Вечноста“ (2012-та година) и во духовниот простор и време, на читателот му ги остава можноста и изборот да ја октрие и изгради сопствената филозофија на живеење, со што би се поврзал со Универзалниот систем на вредности препознавајќи го како таков во оној другиот, оној поинаквиот од него. Надоврзувајќи се на темите и тезите разработени во претходните две книги, Ниче Македон овој пат ја искажува својата голема љубов кон човекот преку својата вера во богатството и изборот на можности да се продлабочи ризницата на знаењето што постои во секој од нас по пат на сопственото „будење.“ Тој, како и порано, го употребува книжевниот стил на исповедна автобиографија што донекаде потсетува на подзаборавените дела на Марко Аурелије, Тома Аквински, Монтењ, Русо и нивниот хуманизам, но не запира само тука.

Неговиот стил на пишување претставува една богата синтеза помеѓу Сократовиот Метод на дијалог и древниот метод на Софистите, со кој се поттикнува градењето на доброто, благородното и возвишеното во соговорникот. Со интимниот, исповеднички разговор на авторот со неговиот соговорник Ангел – а, со едноставниот и спонтан тон, Ниче му дозволува на читателот да ѕирне во одаите на неговата најдлабока интима, за да поучен од тоа искуство се нурне во тајните на своето овоземно битисување и зачекори по патеката на вистинското „будење.“ Чинам дека читателската публика на Ниче Македон, посебно македонската, ретко наидува на човек и автор со примерот на својот хуманизам, своето лично живеење и книжевно творење, кој влијаел толку позитивно и охрабрувачки во едни тешки и неизвесни времиња какви што се овие во кои живееме денес. За мене лично, една од најблагородните сублимирани пораки на Ниче е таа, дека на Македонецот татковината не му е само местото каде што тој е роден, туку дека тое е ? местото каде што тој длабоко во својата душа посакува да умре, да биде погребан за да го започне сопствениот пат на душата до Вечноста. Тој не повикува да ја доживееме Македонија како центар на Космичката гравитација, врутокот на срцето и душата, почетокот и крајот на нашето овоземно постоење. Со тој чин, секој од нас би го дефинирал и затворил бесконечниот простор на животот наречен татковина и би загосподарил со сопствената живот на судбина. Оваа книга на Ниче Димовски – Македон ја препорачувам на секој читател, на секој Македонец како едно книжевно Евангелие кое не учи дека сите заедно треба да појдеме по едниот и единствен пат на Светлината до Сонцето, ослободени од стравот и недовербата што се вгнездени во нас, за да ја осознаеме вистината за Македонија и Македонците. Ако монументалното дело на ренесансниот поет Данте Алигиери „Божествената Комедија“ не подучува како да ја спасиме душата од темните сенки на Чистилиштето и Пеколот за да стигнеме до Рајот, ако германскиот филозоф Фридрих Ниче тврди дека нема Рај затоа што Бог е мртов, 6 тогаш македонскиот хуманист и визионер отелотворен во скромната личност на Ниче Димовски – Македон не учи, дека Рајот е тука во нас, тука со нас, во нашиот ум, во нашиот дух, во нашето срце, во мигот во кој живееме, во нашава Македонија, за чие спасение мораме да работиме сите заедно и беспрегорно, затоа што ако ја спасиме Македонија ќе го спасиме и светот.

Професор, д-р Нестор Огинар
28, Август, 2013-та
Успение на Пресвета Богородица
(Голема Богородица)
Скопје – Њујорк

Leave a reply

required

required

optional