СТРИП-АЛБУМ АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ – ЛАВОТ ОД МАКЕДОН

4 Aleksandar Makedonski Lavot

Ова e првиот македонски стрип- албум во боја за Александар Македонски. Духот на Александар Македонски e оживеан преку четвртото дело на авторот Ниче Димовски проблеснат во една нова литературна форма во неговиот творечки опус – стрип албум. Ова четиво по својата содржина е повеќе наменско, затоа што извонредно насликаните ликови и настани, даваат за првпат можност за визуелизација на истите, а дијалозите на ликовите ја даваат јачината на насликаното. Оттука, овој стрип-албум не познава старосна граница и е прекрасно четиво за сите возрасти. Почитувани фанови, читатели, родители , баби и дедовци, студенти и ученици, вљубеници на Вистината, разбудете ја, олицетворете ја, прераскажете ја на вашите потомци.
Во Стрипот е:
– Автентично прикажана содржината на едно време за детството и животот на најголемиот духовен обединител на Древната Македонска Империја, Александар Македонски,
– Сите ликови, места (топоними, ороними, хидроними) се вистински, според постоечките записи,
– Најсликовито се прикажани клучните настани во една поврзана целина,
– Пренесена е пораката на нашите предци, која наѕира една нова светла ИДНИНА. Токму и целта на авторот е да се разбудиме, со што Мисијата и Визијата на нашите предци наскоро ќе стане наша прекрасна реалност.

Leave a reply

required

required

optional