ЗОШТО НАНОНИЧЕ МЕТОД НА ЗАКОНОТ НА ВИСТИНАТА?

Сите ние сме исто, и многумина кога ќе го осознаат ова ќе прават поголеми дела од мене, бидејќи ова се учи за една седмица, а јас за тоа потрошив 30 години во истражување за да го објавам во ваква форма. Сето она што го истражував и за кое вложив многу години напорна работа, во целост го откривам во книгава за да може секој да го научи и примени. Ова е наједноставен метод со кој може да се добие сe што ќе се посака.
“По патот на среќата ќе зачекорите во мигот, кога Вие ќе донесете одлука и колку долго ќе патувате по него, ќе зависи само до Вас самите. Во мигот кога ќе осознаете дека среќата е патот, тогаш каде и да сте на планетава, Вие сте на Вистинското место, во Вистинското време.”
Ниче Македон

1 Comment

  • Beti Kuchera

    КАКО ДЕЛАТА НА НИЧЕ ВЛИЈААТ ВРЗ МЛАДИТЕ ЛУЃЕ МЕЃУ ДВЕ ИСПИТНИ СЕСИИ
    Мои блиски, четири млади деца, кои се на возраст од 20 до 26 години, се студенти. Сите имаат “подзаглавено” во студирањето. Едното од нив веќе две години не може да положи и возачки испит…
    Околу две седмици им зборував за “нано – 7 техниката” на Големиот Ниче Димовски, а потоа по повод Божиќ, на денот на најголемиот верски, православен празник, им подарив на сите четворица по еден примерок од книгата “Нанониче метод на законот на вистината” од Ниче Димовски. Божиќ е на 7-ми јануари, а за студентите после овој празник, прва испитна сесија е февруарската.
    И замислете, во февруарската испитна сесија, едното од моите четири блиски деца положи шест испити, второто и третото положија по четири испити, а четвртото, покрај редовните испити од тековниот семестар, го положи и возачкиот испит. Дали може некој да ја замисли мојата и нивната среќа!?
    Пред два-три дена едното од нив, меѓу нив поттикна тема на разговор поврзана со “техниката за креирање на позитивна енергија и квалитетен живот за само 7 дена”, притоа зборувајќи и за априлската испитна сесија кој е на прагот да отпочне… Од разговорот што меѓусебно го водеа заклучив дека моите, блиски четири деца, сеуште учат да живеат квалитетен живот според “Нанониче методот на законот на вистината”. Заклучив, дека тие навистина го носат Нанониче методот во нивните срца! Требало само јас да им го посочам исто така како што Ниче ми го посочи мене!
    Деца мои! Послушајте го Големиот Ниче и креирајте вистини од вашите најубави сништа!

    (Со најголема почит кон делото
    на нашиот Ниче Димовски Македон
    и кон сите негови следбеници,
    Елизабета Кучера – 09.04.2013 год.)

Leave a reply

required

required

optional