ЗОШТО ВИСТИНАТА ЗА ВЕЧНОСТА ?

Сите поставени прашања на кои немало кој да ви даде одговор, ќе ги пронајдете овде. Кои сте, од каде доаѓате, зошто сте тука, и каде одите? Дали вселената има крај, кој ја создал и зошто, дали е вечна …?

Ќе откриете дека во секој човек има меморија која е вечна, а тоа е душата. Поткрепена со најновата научна теорија од еминентни експерти кои се професори на најдобрите универзитети на светот, ќе се доближите кон откритието на векот. Во секој човек постои бесмрттна душа, која во мигот на смртта се одвојува од физичкото тело и заминува во универзумот, опстојувајќи во друг паралелен свет. Во тој матичен паралелен свет најмоќно оружје е љубовта.

Книгава ќе ви помогне да ја намалите болката и страдањата ако сте изгубиле некој близок . Ќе се приближите кон убавините кои секоја душа ги чувствува по смртта на физичкото тело. Во книгава има три работи кои скоро и да не можат да се сретнат во светската литература. Првата е : патување во матичниот свет по смртта. Втората е : присуството на сопствениот погреб и најважната третата, како за седум дена да научите да бидете нешто за кое секој човек сонува.

Ќе ги научите техниките со кои може да добивате се што ќе посакате – сите материјални добра за кои сте сонувале, љубовта по која копнеете и потрагата по вашата втора половина. Ќе ви открие како да бидете здрави, убави, среќни и сe она по што сте копнееле до денес. Ќе ве научи како да не се разболувате, а доколку сте болни на кој начин најбрзо да оздравите, бидејќи вие ја поседувате најмоќната фармацевтска фабрика, која ќе ви ја измие душата која несвесно сте ја труеле долги години. Божествената полетност која ќе ја креирате, ќе ве направи да се гледате и чувствувате како ангел ,до кој не може да допре ниедно земно зло.

Leave a reply

required

required

optional