ЗОШТО НАЈГОЛЕМАТА ВИСТИНСКА ТАЈНА НА СВЕТОТ?

Најголемата вистинска тајна на светот секого го буди од заспаниот живот. Продира во душата и ве носи на вистинскиот пат на среќата, љубовта, здравјето и сите убавини по кој копнее секој човек. Со голема брзина ве става на висока вибрација, која ви создава позитивна енергија ослободувајќи ве од сите предрасуди. Чувствувате дека повеќе не сте осамен , неразбран, исмејуван…

….Книгата ве учи на наједноставен начин со помош на нова парадигма, да ги постигнете и остварите сите довчерашни соништа и копнежи. Ве учи и ви потврдува дека неодговорени прашања и нерешливи проблеми не постојат. Во неа се техниките со кои се плови среќно низ животот, низ сите олуи и непогоди. Таа ви открива тајни за кои се плашите да говорите . Ви ја открива моќта на автосугестијата со која може да се излечите од најтешките болести на современиот живот одејќи дури до невозможното – да ја измамите смртта, продолжувајќи уште похрабро да го живеете животот!

Со неа ќе се ослободите од оправдувањето на тезите во кои сте се убедиле, каде стравот го попречува вашиот развој. Таа ви го докажува откритието на векот – тајната на богочовекот е во вас и моќта која ја поседувате, но која претдходно сте ја краделе од себе подзапирајќи се во убавините на животот, мислејќи дека го правите најдоброто. “Вистината за вечноста” ви ја открива најкомплексната структура во универзумот и нејзината моќ, а тоа всушност е најсовремениот биолошки компјутер кој некогаш е создаден и e неповторлив – Мозокот.

Потсвеста досега несвесно сме ја користеле, сe до откривање на наједноставните техники кои се објаснети во книгава. Таа ви ја открива моќта на мислата и техниката со која може да добиете сe што може да замислите. Ве учи да се заштитите од најопасното оружје кое “убило” милјарди души – зборот.

На наједноставен начин ќе научите да простите и да си ја измиете душата, а потоа да продолжите да живеете со огромна љубов, ослободувајќи се од товарот кои сами сте си го качиле на грбот .

Оваа книга ќе ви даде моќ да се пронајдете себе си и да научите како да имате сe што ќе посакате без ограничувања. Ќе се засрамите од самите себе си кога ќе откриете дека најголема препрека, што не ви се случувале големи позитивни промени и успеси, сте биле само вие и никој друг. Ќе си потврдите дека болката е грешка во мисловниот процес и реузлтат на вашите погрешни мисли. Моќта на ова дело е дека, секој сам може самостојно да научи да ги реализира своите најскриени желби, копнежи и соништа!

Leave a reply

required

required

optional