За сe во животот Ви треба вистински партнер!

СО ИДЕАЛНИОТ ПАРТНЕР РАСНЕТЕ ВО ВРСКАТА , А ПРИ ТОА СТЕ СЕПАК СЛОБОДНИ!
ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ВИДЕОТО КАКО ДОКАЗ, ШТО ПРАВАТ ЉУБОВТА, ВЕРБАТА И РАЗБИРАЊЕТО!

ПРОНАЈДЕТЕ ИДЕАЛЕН ПАРТНЕР

За да може свесно да го повикате партнерот на својот живот, избегнувајте ги вибрациите предизвикани со врзување кон одредена личност и споредување со таа што треба да дојде. За да стане реалност она што го

посакувате да дојде треба да ги вградите во вас истите карактеристики кои сакате да ги поседува. Наједноставно по десете ја истата вибрација на истата фреквенција, и една личност на светот да е таква, ќе ве најде без да ја барате.Не заборавајте, колку побрзо ги научите и примените карактеристиките кои сакате да ги има вашиот иден партнер, толку побрзо ќе го привлечете и ќе имате прекрасна љубов. За да можете веднаш да го активирате привлекувањето земете парче хартија и запишете какви карактерни особини и навики сакате да има вашиот иден партнер. Откако ќе ги запишете, веднаш без одложување започнете да ги учите и вградувате во себе. Ќе привлечете токму
таков партнер каков што сте посакале, поточно со карактеристики кои сте ги програмирале во вас. Ќе бидете изненадени од леснотијата дури и да не го барате, познанството ќе дојде на многу чуден начин. Едноставно ќе се случи.
Не заборавајте да ги правите оние работи кои би сакале вашата идеална половина да ги прави. Доколку сакате спортист или планинар, купете тренерки, патики и ранец и започнете да спортувате или планинарите. Ако посакувате да е тој посветен на науката, почнете да ги посетувате библиотеките и читалните. Ако пак сакате некој кој е на повисоко духовно ниво, завршете таква обука, запишете се на курс каде што одат такви личности. Ако сакате да е спортски граден, започнете да одите на фитнес, на базен, на танцување. Премногу е едноставно само започнете да ги програмирате во вас оние работи кои сакате да ги пронајдете и гледате во вашиот иден партнер.
Не заборавајте дека секогаш има некој кој чека да свие љубовно гнездо и да ве љуби затоа што сте прекрасна личност и го заслужувате најубавото-искрената љубов.
Откако ќе помислите дека веќе го најдовте, од тој миг се создава прашањето дали навистина е тоа тој. Ова е најважниот испит на кој многумина паѓаат за потоа да утврдат дека тоа не е она вистинското. Зошто е тоа така?
Денешната генерација е под притисок на динамичните случувања кои се одвиваат со голема брзина, а тоа го прават и во љубовта. Поточно, премногу брзо се стапува во интимен контакт, а со тоа се елиминира најубавиот дел, дружењето, запознавањето.
Среќата на љубовта не е на крајот од патот, таа е во патувањето кон целта. Убавината е во дружењето и запознавањето со луѓето. Колку е тоа подолго, толку е поубаво и на поцврсти темели. Нема да ви претставува грижа ако се дружите и со 20 пријатели од спротивниот пол ако немате со нив интимен контакт. Но, доколку само со еден од нив сте интимни веќе се ограничувате да ги за познаете другите.
Прекрасно е дружењето со луѓето. Кажете им: „Сакам да се дружам, да те запознаам, да разговараме за сe без ограничувања, да бидеме и другари и пријатели, и брат и сестра, и мајка и татко – да бидеме блиски, искрени и доследни.“
Објаснете му дека убавината во патувањето низ животот е да се најде сродна душа. Дружете се на сите можни начини. Ако ве покани да одите на излет, планинарење, базен или што било, а вие мислите дека е во ред и нормално, прифатете. Истото се однесува и на вас, ако сакате поканете го да возите велосипед, да пешачите и искористете го времето да разговарате на сите теми.
Слободно каже те му какви мажи/жени ви се допаѓаат и што очекувате од животот. Нема што да загубите, ако сте само пријатели. Можеби таа личност е врската преку која вие треба да ја најдете вистинската. Ако стапите во интимен контакт, после само првото бакнување веќе нема назад – сте го загубиле засекогаш како пријател, а и не само тоа, ако не си одговарате, може да создадете и непријател. Интимниот контакт создава еден лажен привид од самиот чин, од кој ќе бидете само заслепени, не дознавајќи како е да се дру жите со некого и колку е убаво да му подарите пријателска прегратка, да разговарате на различни теми без ограничувања, дури и да го запознаете со ваши пријателки за да дознаете како се однесува кон други личности од вашиот пол.
Прекрасно е дружењето со луѓе од спротивниот пол, бидејќи не се гледате како кон куренција туку само се надополнувате, помагајќи си да се осознаете.„Кога ќе забележиш дека времето многу побрзо тече од нормалното време, значи дека сте созреани да бидете заедно, но сепак не брзајте! Седнете и искрено поразговарајте што очекувате од вашата врска во иднина.“
Самиот сексуален чин, доколку е со непозната личност или некоја што кратко ја познавате, носи многу последици. После самиот чин се чувствувате празни, со ниска и бавна енергија. Ризикувате да се заразите со некоја заразна болест, во најлош случај најопасната – сида. Независно од тоа дали ќе го правите со заштита, секогаш постои можност да се случи нешто со несакани последици ако заштитата откаже послушност.
Изгубеното време е како зборот и каменот – тоа веќе не се враќа, а сте можеле да го искористите за нешто порационално, бидејќи самиот чин на водење љубов без емоции ,никогаш не се памети. Онаму каде што нема возбуда, љубов и чувства, лесно се заборава.

Афирмации:
Привлекувам прекрасни пријатели кои духовно совршено ми одговараат!
Живеам со прекрасен партнер, ме сака и ме почитува!Секогаш ќе бидете благодарни на ова подучување кое можеби не сте го знаеле. Сe е едноставно и функционира беспрекорно совршено, само вие треба да започнете да го применувате. Некави е со среќа, не заборавајте да ме поканите на вашата прекрасна свадба. Ветувам дека ќе дојдам.

1 Comment

Leave a reply

required

required

optional